8 модни заповеди од Французинките за да бидете беспрекорна дама
Французинките ни служат како инспирација за многу нешта – мода, нега, начин на живеење… А, постои причина зошто неретко се обидуваме да го следиме нивниот пример.
Французинките секогаш изгледаат беспрекорно, дури и без тон шминка или дизајнерска облека. Тие се познати и по нивниот „природен“ изглед и неретко се симбол за женственост.
Па, кои се нивните тајни?
Вашата мајка нека ви биде модна инспирација
Можеби сега не ви се допаѓа стилот на вашата мајка, но ако погледнете фотографии од минатото, кога била на ваша возраст, речиси сигурно ќе ви се допадне она што го носела.
Уште подобро е што модата од 70-тите и 80-тите се враќа, па голема е веројатноста да најдете старо парче облека во нејзиниот гардеробер, кое е модерно и денес.
Секогаш кога имате прилика, покажете ги нозете
Французинките сакаат да ги покажуваат нивните нозе, без разлика дали со здолниште или фустан. Ако, пак, носат панталони, во потоплите денови ги комбинираат со влечки или сандали, кои откриваат барем мал дел од нозете.
Носете само штикли во кои можете да одите
Кога станува збор за штикли, никогаш не го прекршувајте ова правило.
Без разлика колку добро изгледа некој модел, ако одењето во тие чевли е болно и тешко, воопшто нема да изгледате привлечно.
Сакото е задолжително парче
Кога се двоумите што да облечете, никогаш нема да погрешите со сако. Истовремено, ова парче облека никогаш не излегува од мода и ќе можете да го носите со години.
Па, осигурете се дека имате барем едно во вашиот гардеробер.