Како да разликувате копија од оригинал Pandora и уште 3 брендови кои најчесто ги лажираат

Со цел да го привлечат вниманието на купувачот, продавниците се подготвени на сé, дури и на лажирање на светски познати брендови кои се синоним за квалитет и долготрајност.

kako-da-razlikuvate-kopija-od-original-pandora-i-uste-3-brendovi-koi-najcesto-gi-laziraat-001.jpg

Па, ако купивте Pandora бразлетна и ви потемни или ја промени бојата за месец цена – не е Pandora.

Исто важи и за Michael Kors чантите, за New Balance патиките, како и за Supreme дуксерите кои може да се уништат по првото перење.

Па, како да ги разликувате овие 4 брендови од нивните евтини копии?

Pandora бразлетни

kako-da-razlikuvate-kopija-od-original-pandora-i-uste-3-brendovi-koi-najcesto-gi-laziraat-2.jpg

  • Среброто на Pandora никогаш не е сјајно на светлина. Произведувачот користи техника со оксидирање која на среброто му дава уникатна нијанса.
  • Новите Pandora приврзоци никогаш немаат неправилни закривувања на нив.
  • На буквата O на логото секогаш има изгравирано мала, црна круна.
  • Стаклените приврзоци никогаш немаат меурчиња или гребнатинки на нив, ако се оригинал Pandora.

New Balance патики

kako-da-razlikuvate-kopija-od-original-pandora-i-uste-3-brendovi-koi-najcesto-gi-laziraat-3.jpg

  • Логото на оригиналот е испринтано насекаде по патиката – позади, на страна, на јазикот, на страна од гумата, на самите гуми и на внатрешноста.
  • Логото N кое се наоѓа странично на патиката секогаш е од посебен, додаден материјал, никогаш не е испринтано на патиката.

Michael Kors чанти

kako-da-razlikuvate-kopija-od-original-pandora-i-uste-3-brendovi-koi-najcesto-gi-laziraat-4.jpg

  • Оригиналот доаѓа со етикета во крем броја, на која се испишани основните информации за артиклот – како серискиот број, материјалот, бојата, големината на чантата, цената во долари и посебен баркод.
  • Сите додатоци на чантата го имаат изгравирано името на брендот, никогаш не е испечатен. Ова се однесува на патентот, украсните метални парчиња и слично.
  • Оригиналните Michael Kors чанти не го губат обликот, дури и кога ќе ги спакувате во кеса за подарок.

Supreme дуксери

kako-da-razlikuvate-kopija-od-original-pandora-i-uste-3-brendovi-koi-najcesto-gi-laziraat-1.jpg

  • На Supreme дуксерите има само 2 логоа на брендот – кај градите и на задниот дел кај грбот од внатрешна страна.
  • Земја на потекло би требало да е Канада.
  • Врвките на оригиналните дуксери се дебели и добро врзани на краевите. Врвките во облик на јаже или со метални завршетоци се јасен знак дека купувате копија.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Детали на кои треба да обрнете внимание кога купувате чанта – прават да изгледа „евтино“ Непријатен мирис и конци што висат – на кои ситници да обрнете внимание кога куп...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
10 модели на чанти кои ќе доминираат оваа година Од актовки спремни за работа кои одговараат на деновите подготвени за во канцела...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Balenciaga продава обетки од 840 евра: Би носеле ли клучеви на ушите? „Што отвораат овие клучеви?“ Вака се шегуваат корисниците на социјалните мрежи, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg