10 модели на чанти кои ќе доминираат оваа година
Од актовки спремни за работа кои одговараат на деновите подготвени за во канцеларија, па сè до блескави вечерни чанти – кои трендови ќе доминираат оваа година?
Деталите се важен дел од нашиот изглед, затоа што понекогаш токму тие го заокружуваат целокупниот стил и даваат уникатен впечаток.
Покрај другите модни додатоци кои ги обожаваат жените, голема е важноста и на чантите на кои треба да се обрне посебно внимание. Тие треба да одговараат со облеката и со стилот, а притоа треба да бидат практични за пригодата за која се наменети.
Кои трендови ќе доминираат оваа година?
Комбинација од две чанти
Тука станува збор повеќе за начинот на кој се носат чантите, отколку за самата чанта.
Трендот на двојни чанти ќе биде насекаде оваа година, а за да го постигнете овој изглед, едноставно преклопете ја помалата чанта преку рачките на поголемата.
Експериментирајте со различни бои, должини, форми и текстури…
Чанти налик на актовки
Трендот на женски ташни во канцелариски стил од неодамна го зафати ТикТок. Работните чанти, добро структурирани и сериозни, налик на актовки, ќе бидат доста популарни оваа 2024 година.
Без разлика дали ќе ја користите како вистинска канцелариска чанта или ќе ја комбинирате со фармерки додека ги завршувате обврските, овие чанти дефинитивно се добар избор.
Чанта во боја на темна цреша
Оваа 2024 година, црвената ќе биде тренд во една подлабока нијанса на темна цреша. Посветлите нијанси сè уште се популарни, но потемните уште повеќе ќе доминираат следниве месеци.
Ткаени детали
Оваа година ќе доминираат и чантите инспирирани од кошница, со луксузни плетенки испреплетени од различни материјали, кои ќе му дадат една поинаква и повпечатлива димензија на вашиот стил.
Метални додатоци
Металните додатоци, како што се светкави копчиња, патенти или рачки, може да ѝ дадат поинтересен изглед на секоја чанта.
Без разлика на бојата која ќе ја изберете, со чантите кои имаат метални детали нема да погрешите оваа година.