Скриената порака на наметката на Натали Портман на Оскари 2020
Натали Портман со креацијата што ја носеше на Оскарите сакаше да ја потсети Академијата и целиот свет дека постојат и жени режисери.
Таа носеше фустан на DIOR и наметка на која по рабовите со златни букви беа извезени имињата на неколку режисерки кои беа занемарени при номинирањето оваа година.
На наметката на Портман се најдоа Грета Гервиг, Лорен Скарфарија, Лулу Ванг, Мти Диоп, Мариел Хелер, Мелина Мацукас, Алма Харел и Селин Шиама.
Фустанот беше фантастичен, рачна изработка и Натали навистина блесна на црвениот тепих , а дефинитивно е на врвот на листата на најдобро облечени оваа година.
Natalie Portman embroidered her Dior cape with all of the female directors who weren't nominated for #Oscars. Check out her explanation here. pic.twitter.com/kyyo2wVMZf
-->— Amy Kaufman (@AmyKinLA) February 10, 2020