Модните дизајнери откриваат тајни – Како да се биде совршена жена?

Да се биде жена е вистинска уметност. Секоја жена има свои трикови и харизма. Никој не се разбира толку добро во шармот и убавината како модните креатори. 

Nekolku soveti od poznati dizajneri za toa kako da se bide vistinska zena 01

Ова се неколку совети што познатите, легендарни дизајнери им ги дале на сите жени. Дали се во право или не и дали се сложувате со нив?

„Грижата за убавината треба да започне од срцето и душата, во спротивно ниту една шминка нема да ви помогне“. Коко Шанел

„Вистинската жена треба да биде непослушна, малку лоша и каприциозна“. Кристијан Диор

„Годините не се најважната работа за жените: таа може да биде убава на 20 години, шармантна на 40 години и да остане неодолива до крајот на животот“. Коко Шанел

„Најдобриот моден додаток на жената е убав маж“. Коко Шанел

„Не се замарајте со трендови. Не дозволувајте модата да ве контролира. Сами одлучете кои сте и што сакате да кажете со вашата облека и начинот на живот“. Џани Версаче

Nekolku soveti od poznati dizajneri za toa kako da se bide vistinska zena 02

„Грижата за изборот на чевлите никогаш не е претерана. Многу жени мислат дека се неважни, но вистинската потврда за елеганцијата на жената е она што е на нејзините нозе“. Кристијан Диор

„Ако имате криви нозе, носете подлабоко деколте“. Кристијан Диор

„Она што го носите покажува како ќе се претставите во светот, особено сега кога човечките контакти се толку брзи. Модата е директен јазик, разбирлив и без превод“. Прада

„Колку полошо се чувствува девојката, толку подобро треба да изгледа“. Коко Шанел

Nekolku soveti od poznati dizajneri za toa kako da se bide vistinska zena 03

„Не постојат грди жени, постојат само оние кои се мрзливи“. Коко Шанел

„Пазете се од оригиналност. Во женската мода оригиналноста може да доведе до масакр“. Коко Шанел

„Купувајте помалку, изберете подобро и направете го тоа сами!“ Вивиен Вествуд

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети како да се облечете во зима за да изгледате одлично (и да не ви студи) Капут со крзно околу вратот, волнени наместо кожени ракавици... Како да се облеч...
Balenciaga продава обетки од 840 евра: Би носеле ли клучеви на ушите? „Што отвораат овие клучеви?“ Вака се шегуваат корисниците на социјалните мрежи, ...
Славни жени кои се облекуваат младешки (и се доказ дека годините не треба да го дефинираат стилот) Можете ли да ја замислите Шер во класични костимчиња, или Салма Хајек закопчана ...
5 модни совети од Роберто Кавали за мажи и жени + најпознатите цитати од него Славниот италијански дизајнер, Роберто Кавали, кој го воведе животинскиот принт ...
Модни парчиња и додатоци што жените со добар вкус ги избегнуваат сезонава (и што носат наместо тоа) Розови аутфити и многу големи очила - кои модни додатоци и облека излегуваат од ...
5 типа ролки кои треба да ги избегнуваат жените по 40-тата година Ролки во здодевни бои и полуролки едноставно не им прилегаат на дамите над 40 го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg