Златна годишнина - 50 години откако OMEGA Speedmaster стана првиот часовник носен на месечината
Како OMEGA досегна до месечината?
Нил Армстронг и Баз Олдрин станаа првите луѓе кои зачекорија на површината на месечината на 21-ви јули 1969-та година.
Нивното чекорење траеше само 2 и половина часа, но нивните достигнувања оставија печат во историјата за истражување на вселената.
Токму во тој легендарен момент OMEGA Speedmaster Professional стана првиот часовник носен на месечината.
Аполо 11 мисијата дефинитивно е најпрославуваниот момент во „освојувањето на вселената“ од страна на OMEGA, но патувањето за да се постигне овој успех, почнало 10-тина години порано, кога во 1957-ма бил произведен првиот OMEGA Speedmaster.
Благодарение на неговиот издржлив, веродостоен и лесен за користење дизајн, Speedmaster стана познат како „изборот на пилотите“ и бил користен од многумина во воздушните сили на САД.
Успехот на мисијата Аполо 11 беше прославен ширум светот во 1969-та година, а на 25-ти ноември истата година, на посебна вечера во чест на астронаутите одржана во Хјустон, Тексас, бил презентиран OMEGA Speedmaster моделот изработен од 18-каратно жолто злато.
На задната страна имало изгравирано „да го одбележиме човековото освојување на вселената со време, низ времето, на време.“
Во времето од 1969-та до 1973-та година биле изработени само 1,014 вакви модели, а дел од нив им припаѓале на тогашни претседатели и лица на високи, угледни позиции.
Одбележувајќи ја златната годишнина од првото стапнување на месечината, OMEGA произведе точно 1,014 парчиња од новиот модел на Speedmaster со 5-годишна гаранција.