„Зависна сум од ист стил облека цел живот - зошто постојано носам идентични парчиња?“

Гледам фотографии од бебе - носам риги,  фотографии од училиште - носам риги, за излегување сега - носам риги...

zavisna-sum-od-ist-stil-obleka-cel-zhivot-zoshto-postojano-nosam-identichni-parchinja-01.jpg

Лорен Адхав е девојка која забележала дека во текот на целиот свој живот е „зависна“ од облека со риги.

Нејзината исповед:

„Дали се сеќавате на она чувство кога ќе видите некое убаво момче/девојка и не можете да ги одделите очите од него/неа? Па, мене ми е така кога ќе видам маичка на риги. Целиот живот сум зависна од овој дезен.

zavisna-sum-od-ist-stil-obleka-cel-zhivot-zoshto-postojano-nosam-identichni-parchinja-02.jpg

Не можам да кажам кога точно започна мојата опсесија, но откако се сеќавам за себе носам риги, а мојот плакар е преполн со вакви парчиња. Неретко пријателите ми велат „Ах, риги повторно!“, а и на училишните фотографии сум така облечена.

Сакам да знам што не е во ред со мене и зошто толку слепо се држам за овој стил?“

zavisna-sum-od-ist-stil-obleka-cel-zhivot-zoshto-postojano-nosam-identichni-parchinja-04.jpg

Психологот Даун Карен дава објаснување за ова:

„Кога сте дете најчесто родителите ви бираат облека, а подоцна во училишните денови ви дозволуваат вие да го правите тоа за да стекнете чувство на независност. Но, неретко се случува да се држите до некој стил, кој родителите ви го наметнале несвесно во детството.

Во случајов така е со маичките со риги. Тие веќе ти даваат чувство на комфор и сигурност и парчињата со риги ти ја намалуваат анксиозноста. Ја носат топлината од минатото.

zavisna-sum-od-ist-stil-obleka-cel-zhivot-zoshto-postojano-nosam-identichni-parchinja-03.jpg

Понекогаш тоа може да биде и поврзаност за одредена боја, која ви буди убави спомени.

Постојаното носење на слични парчиња има и термин „Repetitious Wardrobe Complex“. Луѓето тоа го прават затоа што потсвесно ги охрабрува и ве прави самоуверени.“

Дали и вие имате боја, дезен или парче облека од кое не можете да се откажете?

zavisna-sum-od-ist-stil-obleka-cel-zhivot-zoshto-postojano-nosam-identichni-parchinja-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg