6 знаци дека е време итно да ја освежите гардеробата

Дали сте една од оние жени кои со години не го менува имиџот и во гардероберот имате тон стари парчиња облека што не ги користите?

6-znaci-deka-e-vreme-da-ja-osvezhite-garderobata-01povekje.jpg

Обично на жените не им е потребна мотивација за шопинг и тоа го прават дури во прекумерни дози.

Сепак, ако сте од оние кои не се толку заразени со оваа навика можеби е време да појдете на шопинг и да го подновите вашиот гардеробер со неколку нови парчиња.

Сигнали кои посочуваат дека е време за тоа:

Со години имате ист имиџ и не експериментирате

Ако истата фризура и облека ја имавте на факултет, на првото работно место и по венчавката, време е за нов стил. Бидете похрабри со промените.

6-znaci-deka-e-vreme-da-ja-osvezhite-garderobata-02.jpg

Не сакате да ве фотографираат цели

Ако се плашите од ова, тогаш треба да го обновите плакарот со некои парчиња во кои се чувствувате самоуверено и комфорно.

6-znaci-deka-e-vreme-da-ja-osvezhite-garderobata-03.jpg

Гардероберот ви е полн со парчиња облека од баба ви

Да, модата се враќа и некои парчиња облека од времето на баба ви сега се ИН, но тоа не значи дека гардероберот треба да ви биде преполн со застарени работи, кои само ви прават нервоза.

Правете генералка на плакарот на секои 6 месеци и од него фрлете сè што не ви носи радост. Кога ќе ослободите простор ќе бидете поинспирирани да одите на шопинг.

6-znaci-deka-e-vreme-da-ja-osvezhite-garderobata-04.jpg

Чувате облека што не е соодветна за вашите години

Имате повеќе од 30 години и 2 деца, а гардероберот ви е преполн со куси здолништа. Време е се ослободите од парчињата кои ви беа хит во 20-тите и да си купите нешто посоодветно како миди здолниште, деловен костим или коктел фустан.

6-znaci-deka-e-vreme-da-ja-osvezhite-garderobata-05.jpg

Имате облека несоодветна за вашата социјална улога

Можеби бевте деловна жена со години, но сега сте мајка, па време е да си купите полежерни парчиња за секојдневните активности со вашето новороденче.

Истото важи и во обратна насока, односно по враќањето од породилно отсуство. Подновете се со нешто деловно.

6-znaci-deka-e-vreme-da-ja-osvezhite-garderobata-06.jpg

Парчињата облека не ве прикажуваат како самоуверена жена

Во една пригода Викторија Бекам вели дека секси корсетите во кои се стегала во младоста само покажувале колку немала самодоверба во себе и колку ѝ била потребна потврда од страна на околината.

Сега, таа знае дека не мора да носи некомфорна облека за да изгледа привлечно и самоуверено.

6-znaci-deka-e-vreme-da-ja-osvezhite-garderobata-01povekje.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најголемите модни грешки што ги прават дамите кои носат L и XL облека (и како да ги коригирате) Црната боја не е секогаш најдобриот избор, блузата не треба да ја ставате над па...
5 парчиња накит што секоја модерна девојка треба да ги има оваа пролет Бисери, големи алки и цветови - кои парчиња накит се хит оваа пролет кај инфлуен...
Цветови, пеперутки: Бајковити креации од овогодишната изложба за Мет галата (фото) Фустан од пеперутки, креации стари неколку века – дел од експонатите кои се изло...
Ретро кломпите се враќаат во мода оваа пролет ’24 – подгответе се да ги гледате насекаде Дали сте подготвени да ги гледате кломпите во секојдневни, модерни комбинации? „...
Како да го комбинирате накитот со облеката за да оставите стилски впечаток? Големината на накитот во однос на стилот на облеката, комбинацијата на бои кај н...
Летна инспирација: Уличната мода во Скопје, низ папарацо фотки на Инстаграм Лежерни и тренди аутфити од Инстаграм профилот „Скопјани во Скопје“ кои ќе ве ин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg