Модни грешки на мажите
Во најголем број на случаеви, следењето на модните трендови не им е јака страна на мажите. Одењето на работа, следењето спорт, излегувањето со...
...девојката и грижењето за кучето се сосема доволно оптеретување за мажите да не обрнуваат многу внимание на својот физички изглед.
Но, не грижете се. Во продолжение ви претставуваме 10 работи од кои треба да бегате ко ѓавол од крст.
Гужвани алишта – кога изгледате како да сте спиеле со алиштата претходната вечер, баш и не е привлечно. Одвојте вкупно 3 минути и испеглајте ги алиштата.
Светкави одела, сакоа, маици – Не мора луѓето кои ви доаѓаат во пресрет да останат заслепени од “вашата убавина”.
Огромни дизајнерски логоа – Иако оваа грешка не може да им се препише исклучиво на мажите, сепак често се случува марките да ги носат мажите, наместо мажите да ги носат нив.
Смешни маици – Иако е интересно некогаш да се истакнете со некоја маица со штосен и смешен принт, сепак ако тоа го правите пречесто тогаш оставате погрешен впечаток за себе.
Флеки – На секој од нас му се случило да се исфлека и цел ден да го помине со таа огромна непријатна дамка на себе. Но, има и онакви мажи на кои што секогаш истата флека ја имаат на истите панталони или на истата маица и воопшто не им гајле за тоа.
Претесни алишта – Ништо нема да предизвика повеќе озборувања од маж кој носи претесни парчиња на себе. Ако сте додале некое кило, тогаш подобро посветете се да ги симнете и да се вратите во форма.
Преголеми алишта – Можеби ви звучи пребирливо, но ниту една екстрема не е добра. Најдобро ќе ви стојат алишта кои се ваш број.
Шешири – Иако е интересно понекогаш да го зачините својот изглед, постојаното носење на шешири може да предизвика озборувања дека оќелавувате.
Премногу накит – Жените некако имаат природна дарба како тоа да го направат. Немојте да претерувате освен ако не планирате да станете член од некоја гангстерска банда.
Чорапи и сандали – Не! Не! Не! Зошто воопшто би помислиле да облечете сандали со чорапи? Сандалите се носат за комфор и проветрување. Носењето чорапи ја загорзува нивната основна намена.
Би можело да ве интересира:





