5 парчиња облека за кои веќе нема простор во вашиот плакар

Ако вашиот плакар е преполн со облека, а сепак немате што да облечете, тоа е сигурен знак дека дошло време за голема генералка. Направете селекција и исфрлете ги сите оние парчиња облека на кои не им е местото на вашите полици и закачалки, без да имате нималку грижа на совеста.

pet-parchinja-obleka-za-koi-vekje-nema-prostor-vo-vashiot-plakar-001.jpg

Ако уште не сте сигурни од што сè треба да се ослободите, ние ќе ви помогнеме со следниве совети:

Неудобни обувки

Можеби некогаш не ви пречеле тесните и неудобни обувки на висока потпетица, но кога ќе ја надминете таа фаза, ќе сфатите дека само непотребно сте си ги мачеле нозете. Одберете удобност, пред сè друго и инвестирајте во квалитетни обувки, бидејќи тоа е поважно отколку тоа да имате што поголем број различни чевли со штикла.

pet-parchinja-obleka-za-koi-vekje-nema-prostor-vo-vashiot-plakar-2.png

Претерано искинати фармерки

Кај фармерките е најважно да го најдете кројот кој одговара на вашата силуета. Ако сепак сакате искинати фармерки, изберете такви со подискретни дупки и носете ги во пригоди кои тоа го дозволуваат.

pet-parchinja-obleka-za-koi-vekje-nema-prostor-vo-vashiot-plakar-1.jpg

Прекуси здолништа

Мини-здолништата не се облека за зрели и сериозни девојки и жени, па затоа треба да заборавите на нив веќе веднаш по студентските денови. Со сериозноста во вашиот карактер, треба да дојде сериозноста и во стилот на облекување. Изберете елегантни здолништа со должина до колениците.

pet-parchinja-obleka-za-koi-vekje-nema-prostor-vo-vashiot-plakar-3.jpg

Патики со платформа

Овој тип на обувки секоја сезона се враќа во различни облици, но обидете се да ги замените со класични бели патики, кои ви дозволуваат да експериментирате со повеќе комбинации.

pet-parchinja-obleka-za-koi-vekje-nema-prostor-vo-vashiot-plakar-4.jpg

Неугледна облека за по дома

Ова не значи дека треба да се дотерувате за по дома, но не дозволувајте да носите нешто што повеќе личи на крпа за бришење на подови, отколку на облека. Всушност, кога сте сами дома, можете да бидете облечени баш онака како што ви е најудобно, но доколку ви се најават гости или ако треба да излезете на состанок на куќен совет или до продавница, обидете се да бидете пристојно облечени.

pet-parchinja-obleka-za-koi-vekje-nema-prostor-vo-vashiot-plakar-5.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
5 типа маникир кои делуваат кич (и како да изберете подобра алтернатива) Неонски бои, црн лак - некои трендови во маникирот треба да се заменат со нови, ...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
5 типа обувки кои ќе бидат во тренд до крајот на зимата Од спортски патики со голема платформа, до тренди чизми - Какви обувки ќе бидат ...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg