Kој костим за капење најдобро ќе ги сокрие недостатоците на вашето тело?
Голем стомак
Ако имате тело со форма на јаболко и сакате да го сокриете вишокот во пределот на стомакот, одберете бикини со висок струк.
Одлично ќе ви прилегаат и костими за капење чиј горен дел е како маичка или има додаток кој слободно виси над стомакот. Вака фокусот ќе биде на вашите гради и нозе.
Интересно монокини, без прерамки, со чудни отсечоци се добар избор.
Костимите за капење со длабок „V“ израз ќе ви ја издолжат фигурата и ќе го тргнат фокусот од вашиот стомак.
Широка половина
Ако сакате визуелно да ја истанчите половината, купете монокини со теми делови од страните и впечатлив принт во средината.
Струкот може да го стесните со монокини со транспарентни делови во пределот на половината или делови со тантела.
Темно монокини со отсечоци од страните и длабоко деколте ќе ви даде убава линија и сексапил на вашата фигура.
Тело со форма на песочен часовник
Ако имате тенок струк, а вишокот килограми ви се кај градите и задникот, може да го носите речиси секој костим за капење. На пример бикини со висок струк ќе ви прилегаат одлично.
Може да носите затворени модели со интересни детали, како врвци и отсечоци.
Монокини со длабоко деколте и материјал кај половината одлично ќе го истакнат вашиот струк.
С. С. | Црнобело