Стрии, вишок на килограми: Бренд за бикини лансираше кампања без Фотошоп (фото)
Самодовербата и насмевката ви се најважниот моден додаток за на плажа ова лето.
Австралискиот бренд за костими за капење Moana лансираше модна кампања под мотото „ Who Runs The World?“ на која има златест песок, небесно сино небо и група безгрижни жени кои се забавуваат на плажата.
Тие промовираат костими за капење, но за разлика од практиката на другите модни брендови фотографиите во оваа кампања не се средувани на Фотошоп, па така меѓу моделите има жени со стрии и вишок на килограми.
Одговорните на Moana велат дека брендот сака да биде колку што е можно поблиску до реалноста и дека, освен нагласувањето на боите, во кампањата немаат користено Фотошоп.
Без разлика на големината и формата сите жени изгледаат прекрасно во бикини, само ако имаат насмевка на лицата и зрачат со среќа. Оваа кампања дефинитивно порачува да бидете тоа што сте затоа што самодовербата е најмоќното оружје.
Дел од фотките од инспиративната кампања:
С. С. | Црнобело