9 грешки при средувањето кои жените ги прават во топлите денови

Иако на прв поглед ни се чини дека нема ништо полесно и поедноставно од лесните комбинации на панталони и кошула или едноставно фустанче во топлите денови, сепак жените упорно прават грешки кои им го нарушуваат имиџот.

9-greski-pri-sreduvanjeto-koi-zenite-gi-pravat-vo-toplite-denovi-001.jpg

Во продолжение 9-те најчести грешки кои треба да ги избегнувате во топлите денови кои следуваат:

Проѕирна облека за вечерни излегувања или за на работа

Проѕирните фустани и кошули оставете ги за на кафе со пријателите или за летните прошетки на плажа.

9-greski-pri-sreduvanjeto-koi-zenite-gi-pravat-vo-toplite-denovi-1.jpg

Долна облека која „ѕирка“

Бирајте долна облека според маицата или кошулата која ја носите, односно според отвореноста на деколтето и прерамките. Градникот не смее да се гледа.

9-greski-pri-sreduvanjeto-koi-zenite-gi-pravat-vo-toplite-denovi-2.jpg

Несоодветно одбрани чевли

Чевлите треба да ги бирате според теренот по кој ќе се движите, односно зависно од тоа дали одите по асфалт, песок или трева.

9-greski-pri-sreduvanjeto-koi-zenite-gi-pravat-vo-toplite-denovi-3.jpg

Носите хулахопки и во лето

Ретко кој летен фустан одговара со матирани хулахопки.

9-greski-pri-sreduvanjeto-koi-zenite-gi-pravat-vo-toplite-denovi-4.jpg

Носите кратки мини фустанчиња со деколте

Одберете само едно – или деколте или голи нозе.

9-greski-pri-sreduvanjeto-koi-zenite-gi-pravat-vo-toplite-denovi-5.jpg

Носите облека која се лепи за вас

Лелеавите материјали и кроевите во кои телото може „да диши“ се секогаш попаметен избор во топлите денови.

9-greski-pri-sreduvanjeto-koi-zenite-gi-pravat-vo-toplite-denovi-6.jpg

Ставате многу накит

Во лето, нема потреба да се китите. Аксесоарите само ви додаваат тежина и привлекуваат топлина, посебно ако се метални.

9-greski-pri-sreduvanjeto-koi-zenite-gi-pravat-vo-toplite-denovi-7.jpg

Носите идентична шминка како и во зима

Во лето, задолжително мора да ја промените пудрата и да одберете некоја со полесна текстура. Исто така, избегнувајте силни кармини, сенки и руменила кои има големи шанси да се растечат.

9-greski-pri-sreduvanjeto-koi-zenite-gi-pravat-vo-toplite-denovi-8.jpg

Носите детали во црна боја

Ако облекувате класична комбинација и треба да изгледате елегантно, тогаш црната боја е сосема оправдан избор. Но, црната чанта, црните прерамки или црни сандали на некое летно, шарено фустанче, дефинитивно се грешка која не смее да си ја дозволите.

9-greski-pri-sreduvanjeto-koi-zenite-gi-pravat-vo-toplite-denovi-9.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
8 грешки со кои несвесно правиме да изгледаме постаро отколку што сме Впечатливи цветни принтови, темна сенка за очите... Што треба да избегнуваме за ...
5 грешки кога комбинирате зимска капа (и како да ги исправите) Темна капа не оди во комбинација со темни очила, но ни шубара не се комбинира со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg