5 грешки кога комбинирате зимска капа (и како да ги исправите)

Темна капа не оди во комбинација со темни очила, но ни шубара не се комбинира со тенка јакна... Дали и вие ги правите овие грешки кога ја комбинирате зимската капа со облеката?

5-greshki-koga-kombinirate-zimska-kapa-so-oblekata-i-kako-da-gi-ispravite-01.jpg

Кога температурите се околу или под нула, скоро и да не размислувате какво капче ќе ставите на глава, само сакате да ви биде топло.

Но, стилистите велат дека повеќето луѓе прават голема грешка при комбинацијата на различните видови зимски капи со облеката и советуваат како да ја исправите грешката.

На кои грешки треба да обрнете внимание?

Крзнена капа (или шубара) со тенка јакна

Грешка: Не треба да комбинирате топли крзнени аксесоари со тенки јакни или капути. Не го правете ова дури ни ако треба само да „тркнете“ до продавница. Овие две работи не можат никако да се спојат и изгледаат чудно во комбинација.

Како да ја поправите: Шубарата или крзнената капа носете ја во комбинација со дебел капут или со јакна обложена со крзно, но можете да ја комбинирате и со бунда.

5-greshki-koga-kombinirate-zimska-kapa-so-oblekata-i-kako-da-gi-ispravite-02.jpg

Спортска капа со елегантен капут

Грешка: Не треба да комбинирате капа во спортски стил со класични капути. Ова не делува спортски шик, туку како да немате добар вкус. Едноставно, овие две парчиња не може да се спојат едно со друго.

Како да ја поправите: Изберете подебела универзална капа и комбинирајте ја со капут или дебело зимско палто. Ваквата комбинација покажува вкус и стил, особено ако носите и кожени панталони или долг плетен фустан.

5-greshki-koga-kombinirate-zimska-kapa-so-oblekata-i-kako-da-gi-ispravite-03.jpg

Плетена капа со сличен плетен шал

Грешка: Не комбинирајте плетена капа и шал од истиот сет (или шал и капа кои се многу слични) бидејќи ваквата комбинација делува застарено и здодевно.

Како да ја поправите: Капата и шалот може, но и не мора да се во истата боја. Важно е да бидат од различен материјал за да не се претопуваат едно со друго. На овој начин ќе бидете во тренд и ќе делувате модерно.

5-greshki-koga-kombinirate-zimska-kapa-so-oblekata-i-kako-da-gi-ispravite-04.jpg

Капа со шари во комбинација со истата облека

Грешка: Никако не смеете да комбинирате капа со принт кој е ист како вашата облека. Ова решение не изгледа добро ни на кукла во излог, а не па за да излезете во јавност.

Како да ја поправите: Не се фокусирајте на принтот, туку на нијансите. На пример, капата нека ви биде во слична нијанса со џемперот што го носите. Ваквата комбинација е секогаш во мода.

5-greshki-koga-kombinirate-zimska-kapa-so-oblekata-i-kako-da-gi-ispravite-05.jpg

Тенка капа со тркалезни очила

Грешка: На тенка капа не одат тркалезни очила, бидејќи се менува пропорцијата на вашето лице. Исто така, грешка е да се комбинира темна капа со темни очила.

Како да ја поправите: Изберете голема, волуменозна капа и комбинирајте ја со очила во форма на квадар или правоаголник, а стаклата нека бидат светли или проѕирни.

5-greshki-koga-kombinirate-zimska-kapa-so-oblekata-i-kako-da-gi-ispravite-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи како да ја вметнете во стајлингот бојата на есен 2024 (фото) Бургунди или бордо е бојата која е хит за есен 2024, а ако немате идеи како да ј...
8 грешки со кои несвесно правиме да изгледаме постаро отколку што сме Впечатливи цветни принтови, темна сенка за очите... Што треба да избегнуваме за ...
8 грешки со кои си ја уништувате есенската и зимската облека Ставате премногу омекнувач и не ги носите палатата на хемиско, туку ги перете во...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg