Бираме евтино, наместо квалитетно: 10 модни грешки кои ги правиме до 30-тите години

Колку и да мислиме дека знаеме за модата, секогаш може да направиме некоја модна „утка“.

10-modni-greski-koi-gi-pravite-do-30-tite-godini-01.jpg

Некои имаат поизострено сетило за комбинирање на модни парчиња. Но со ретки исклучоци, сите од нас паднале во следните 10 стапици кога станува збор за модата, особено додека сме помлади, односно до ’30-тите години од нашиот живот.

Прекусо, претесно, премногу монотоно и еднобојно или слепо следење на модните трендови… ова се 10 модни ситуации на кои сме биле жртви во одредени моменти:

1. Купуваме 5 маици со послаб, наместо 1 со подобар квалитет – и се радуваме како да сме заштедиле пари.

2. Купуваш фустан во кој не се чувствуваш ни малку удобно, но твоето момче мисли дека изгледаш многу секси во тоа.

3. Купуваш нова долна облека бидејќи те мрзи да си ја испереш старата или да ја зашиеш прерамката која постојано паѓа.

4. Купуваш парче облека само затоа што ти се допаѓа моделот кој ја носи и во него изгледа одлично, не размислувајќи дека тебе нема да ти стои така.

5. Кога за некоја блуза или здолниште добиваш комплименти, трчаш да купиш уште неколку такви во други бои.

6. Најчесто одиш во шопинг затоа што ти е досадно.

7. Купуваш чевли со екстремно високи потпетици во кои одвај можеш да издржиш 2 часа, само затоа што изгледаат прекрасно.

8. Дури и ако старите панталони ти се претесни и се скинале, купуваш нови во истиот број, бидејќи си премногу суетна и горделива да земеш едно бројче поголеми.

9. Си доаѓаш дома со парче облека кое не ти се допаѓа, но во мода е и едноставно мора да имаш барем едно такво тренди парче.

10. Одбиваш да купиш сако кое многу ти се допаѓа и ти стои одлично, само затоа што пријателката веќе има исто такво.


Па девојки и жени, во колку ситуации се пронајдовте?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg