Фаворит од Zara: Сите го носат свадбениот костум на Емили Ратајковски (фото)
Презгодната манекенка се омажи на крајот од февруари, одбирајќи комплет од сако и панталони во сенф жолта боја за пригодата. Два месеци подоцна, оваа комбинација доминира во објавите на Инстаграм.
По неколку седмици врска, Емили Ратајковски се венча со нејзиниот сопруг Себастијан Беар-Мекклард, кажувајќи го судбоносното „да“ на тајна церемонија што се одржа во Њујорк.
Многумина ги изненади одлуката на манекенката да заплови во брачните води, но и свадбениот комплет што го облече на големиот ден.
Таа се одлучи за кежуал костум, поточно сако и панталони во сенф жолта боја, а ги набави од популарниот шпански бренд Zara.
Дали поради достапните цени, или, пак, затоа што навистина им се допадна необичниот стајлинг на Емили, оваа комбинација веднаш ги освои трендсетерките ширум светот.
Денес сите го носат свадбеното одело на Ратајковски, но ним сепак им е избор за посекојдневни прилики, наместо за венчавки.
Доминира во објавите на Инстаграм, а модните инфлуенсерки го издвоија како еден од главните фаворити на сезоната.
Доколку сакате и сами да прошетате вака на градските улици, погледнете како тоа го направија блогерките:
M. A. | Црнобело