По неколку седмици врска се омажи Емили Ратајковски: Кој е Себастијан - нејзиниот нов сопруг?
- Детали
- сабота, 24 февруари 2018
Ненадејната одлука на Емили ги збуни фановите. Супермоделот се омажи за продуцентот Себастијан Беар-Мекклард.
Емили Ратајковски ги изненади фановите кога на Инстаграм објави дека се омажила по само неколку седмици врска со нејзиното момче Себастијан Беар-Мекклард.
26-годишната убавица го кажа судбоносното „да“ на приватна церемонија со само неколку најблиски пријатели.
На венчавката парот беше облечен во кежуал издание и си разменија впечатливи златни прстени.
Кој е Себастијан Беар-Мекклард?
Парот првпат беше забележан заедно во февруари годинава во Калифорнија.
Себастијан работи како продуцент, а последен негов проект е филмот „Good times“ со Роберт Патинсон. Зад себе има и низа други познати проекти.
На неговиот Инстаграм профил има повеќе од 44.000 следбеници.
Има 36 години и вели дека е уметничка душа.
С. С. | Црнобело