Уникатни парчиња накит
Вниманието и инвентивноста што со часови ја внесуваат во секое парче е едноставно за восхит, но и за почит. Токму поради тоа рачните изработки на...
...Марина и Марија се прекрасни и неодоливи. Задржете ги за себе или подарете ги на луѓето кои ги сакате.
Изработени се од полимерна глина со додаток на акрилни бои, сув пастел и лак на база на вода за сјаен изглед и дополнителна заштита.
Бидејки сликата заменува илјада зборови, со наредниве слики би сакале да пробаме да ви доловиме дел од нивната уметност.
Остатокот од нивните креации погледнете ги тука: Марина и Марија.
Доколку не можете да изберете од веќе понуденото нарачајте нешто по ваша желба. Може да избирате од неограничениот колорит на бои и мотиви, изгравирани иницијали или привезоци со вашете име, но се отворени и за сугестии и идеи од ваша страна и ќе се обидат да ви ја исполнат желбата.