Совети од стилистите кои ќе ви помогнат да го прикриете вишокот килограми
Секако, за да изгледате послабо и попривлечно, секогаш е најдобро да се фокусирате на подобрување на исхраната и зголемување на физичката активност.
Но, додека тоа да се случи, сепак е добро да изгледате средено и никогаш да не го истакнувате вишокот.
Затоа, постојат неколку трикови кои треба да ги применувате и да бидете свесни за честите грешки при облекувањето кои ги правите.
Стилистите споделуваат неколку примери како да изгледате послабо со помош на облеката:
Не се „обвиткувајте“ со големи мантили и наметки
Од некоја причина, многу девојки мислат дека широката облека секогаш ги крие вишокот килограми.
Но, облеката како вреќа не прави да изгледате послабо, напротив, додава волумен на силуетата.
Затоа, наместо долг широк мантил, одберете пократка рамна јакна. И, не се плашете да носите светли бои.
Носете еднобоен комбинезон со машна
Еднобојната облека, посебно комбинезоните во една боја ќе ви овозможат да изгледате подолго и нема да бидете претрупани со непотребни детали.
Бирајте правилен крој и материјал
Неопходно е да се фокусирате на квалитетот и материјалот на облеката – парчињата направени од тенок материјал ќе ги нагласат повеќе вашите недостатоци.
На левата фотографија, освен лошиот материјал, може да се забележи дека и кројот на фустанот, како и дезенот се непријатни за гледање и во нив ќе изгледате уште полошо.
Затоа бирајте модели со појасен принт, во светли и јасни бои, со квалитетен и доволно цврст материјал.
На двата фустани има колан, но тој изгледа добро во комбинација со добра облека, а не со сè.
Правилен контраст
Заради големиот контраст на левата фотографија, фигурата изгледа како да е поделена на пола, заради што изгледа помасивно.
Бирајте облека така што и долниот и горниот дел ќе бидат светли или темни. Не ја сечете фигурата на пола со контрастни бои, туку ако сакате да „разбиете“ монотонија, направете го тоа со некој додаток, како на пример палто.
Не се плашете од риги
Вертикалните линии на квалитетно изработен материјал визуелно ги отстрануваат вишокот килограми на телото.
Тие прават фигурата да изгледа потенко, а уште подобро е ако има и неколку копчиња надоле.
Заборавете на масивни додатоци
На левата фотографија, белите панталони и темната маица повторно ја делат фигурата на половина, плус огромната торба дополнително го комплицира изгледот.
Одберете светол горен дел и ослободете се од непотребните огромни додатоци и наместо тоа практикувајте минималистички.
Бидете внимателни со принтовите
Секогаш внимателно правете избор со принтовите. Подобро е да одберете облека со големи, но поретки шари и внимавајте тоа да не биде од глава до пети.
На пример, со ваков аутфит од глава до пети ќе личите како да сте облечени во пижами или да сте се завиткале во некое ќебе дома.
Играјте си со акцентирање и издолжување на силуетата
Обидете се да ја издолжите силуетата на секаков можен начин – вертикални линии од страна на панталоните или долги обетки.
Никогаш не наметнувајте палта за да ги сокриете рацете, туку секогаш имајте горен дел кој ќе ви одговара на фигурата и нема да го криете.
Неколку совети плус:
- Бирајте облека со големина која ви одговара
- Обрнете внимание на облека со V-отвор бидејќи има својство на истенчување
- Дајте им приоритет на едноставните и елегантни кроеви без непотребни детали
- Бидете внимателни со изборот на голем накит
М. М. | Црнобело