Грешки во изгледот кои создаваат одбивност за вас во очите на другите
Доброто облекување се заснова на три клучни работи – едноставност, добар вкус и навика да се гледате себеси.
Но, многу често луѓето забораваат на третото правило и воопшто не помислуваат да се погледнат себеси во одредени моменти.
Па така, залудно е да купите скапи и совршени чевли, ако на нив ја заборавите лепенката со цената, или пак ако се испрскани со кал.
Токму затоа, треба постојано да гледате што носите и како изгледате – не е важно само да го купите и облечете.
Неколку грешки кои прават да изгледате одбивно во очите на другите:
Избледена облека
Совет: Светлите и темните парчиња облека перете ги во ладна вода и не користете опција за сушење во машина.
Нецелосно бела облека
Совет: Кога не сте сигурни, земете друго бело парче облека и споредете ја бојата. Минималното пожолтување може да се отстрани со хидроген, сода бикарбода или лимонов сок при перење.
Неправилно завиткани ракави
Совет: Не ги туркајте ракавите нагоре, туку завиткајте ги неколку пати и доколку има копче кај лактите, закопчајте.
Широк комбинезон/шалвари за дотерување
Совет: Ако не сакате да се откажете од широките модели на панталони, барем носете ги само со спортски комбинации, наместо за дотерување.
Првут на облеката
Совет: Ова е знак дека нешто не правите како што треба при миењето на главата или имате недостаток на витамини. Доколку постојано го имате овој проблем, избегнувајте темна облека.