Моден водич: Како да имате стил како Кајли Џенер? (фото)
Од кежуал спортско издание до елеганција за на црвениот килим, Кајли Џенер знае како на уникатен начин износи апсолутно сè.
Постои ли нешто што Кајли Џенер не може да направи? Таа е реалити ѕвезда со козметичка империја што заработува милиони, има моден бренд, а веќе е и мајка.
Има дебати околу тоа дали таа е соодветен лик за да биде идол на многу млади девојки во светот, но без разлика на тоа, факт е дека има армија фанови.
Нејзиниот шик моден стил е инспирација за многу девојки, па еве неколку трикови како да имате стил како Кајли Џенер:
Спортска облека
За кежуал пригоди обожава хеланки и други спортски парчиња, најчесто во црна боја.
Топови
Таа изгледа секси, но комфорно кога ја истакнува својата линија со кратки топови.
Мини здолништа
За дневните пригоди обожава тексас здолништа, додека за вечерните носи металик здолништа или здолништа со принт.
Широки маици
Ги носи како фустани и во нив изгледа кул и безгрижно.
Комплети
Кога сака да остави впечаток носи комплети. Иако, обожава црно, во вакво издание често сака да додаде некоја неонска боја.
Тесни фустани
Најчесто ги носи на забави или на некои формални настани. Секси и шик!