„Купувајте помалку, бирајте подобро, носете подолго“ - 8 парчиња облека кои треба да ги поседувате

Основните парчиња облека се различни за секоја жена со што таа го дефинира својот стил.

kupuvajte-pomalku-birajte-podobro-nosete-podolgo-8-parchinja-obleka-koi-treba-da-gi-poseduvate-01.jpg

Тоа зависи од животниот стил и вкусот, но сепак, постојат одредени парчиња кои се класична основа со години.

Тие се непроменливи и секогаш во мода, а добро ѝ прилегаат на речиси секоја девoјка.

Во секој гардеробер треба да се најде место за нив, но секогаш треба да бидат добро избрани и со висок квалитет.

Парчиња кои никогаш не излегуваат од мода и секогаш треба да ги поседувате:

Бела блуза и кошула

„Квалитетна бела блуза може да има милион различни карактеристики и намени.“ - Џанфранко Фере, моден дизајнер

kupuvajte-pomalku-birajte-podobro-nosete-podolgo-8-parchinja-obleka-koi-treba-da-gi-poseduvate-02.jpg

Малиот црн фустан

„Во малиот црн фустан е невозможно да изгледате претерано шик ниту претерано скромно.“ – Карл Лагерфелд, моден дизајнер, креативен директор на Chanel

kupuvajte-pomalku-birajte-podobro-nosete-podolgo-8-parchinja-obleka-koi-treba-da-gi-poseduvate-03.jpg

Миди тесно здолниште

„Го обожавам затоа што ме покрива на вистинските места.“ – Менди Мур, актерка и пејачка

kupuvajte-pomalku-birajte-podobro-nosete-podolgo-8-parchinja-obleka-koi-treba-da-gi-poseduvate-4-1.jpg

Фармерки

„Во животот жалам само за една работа – што не ги смислив фармерките.“ – Ив Сен Лоран, моден креатор

kupuvajte-pomalku-birajte-podobro-nosete-podolgo-8-parchinja-obleka-koi-treba-da-gi-poseduvate-5.jpg

Класични панталони

„Секогаш се потпирам на панталони. Во панталоните имате слобода да играте со стапалата, со ставот кон другите и кон животот. Многу е позабавно. Се чувствувате како маж со женски став. Обожавам панталони.“ – Соња Рикел, моден дизајнер

kupuvajte-pomalku-birajte-podobro-nosete-podolgo-8-parchinja-obleka-koi-treba-da-gi-poseduvate-06.jpg

Сако

„Сакото е основата на гардеробата. Треба да е добро сошиено, да стои совршено и да се чувствувате самоуверено и удобно.“ – Џорџо Армани, моден дизајнер

kupuvajte-pomalku-birajte-podobro-nosete-podolgo-8-parchinja-obleka-koi-treba-da-gi-poseduvate-07.jpg

Црни и боја на кожа штикли

„Мажите ми велат дека штедат за свадба. Чевлите ги чинат богатство, но сепак се поевтини од развод.“ – Маноло Бланик, дизајнер на чевли

kupuvajte-pomalku-birajte-podobro-nosete-podolgo-8-parchinja-obleka-koi-treba-da-gi-poseduvate-08.jpg

Мантил

„Сите луѓе на светот треба да имаат мантил, и за сите луѓе на светот мора да има мантил. Независно на возраста и полот.“ – Ангела Ерендс, поранешен CEO на Burberry

kupuvajte-pomalku-birajte-podobro-nosete-podolgo-8-parchinja-obleka-koi-treba-da-gi-poseduvate-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg