5 бои коишто совршено одат во комбинација со црвената, а не се црна и бела
Црвената важи за една од најхрабрите, најмоќните и највозбудливите бои кои што можете да ги носите на себе. Самиот атрактивен тон ја објаснува нејзината огромна популарност во различни стилови на облекување.
Иако, црвената боја сама по себе е сосема доволна, секогаш постоеле храбри трендсетери кои што знаеле да ја носат на себе во различни комбинации.
Додека црвено-црно-белата и црвено-тегет-белата се безбедни и безвременски комбинации, постојат уште неколку бои коишто би можеле совршено да се искомбинираат со рубин нијансата.
Па, доколку сакате да се одделите од стандардното и да се префрлите во некоја малку понебезбедна зона, погледнете кои нијанси совршено би влегле во склоп со црвената како основна боја.
Окер
Веројатно ова ќе ви се чини како една од најчудните комбинации, меѓутоа окер бојата и црвената се две силни бои, коишто совршено се вклопуваат една со друга.
Розова
Црвено-розовата комбинација е омилена за секоја модерна девојка.
Иако, влегуваат во истата фамилија на бои, едноставно никогаш нема да згрешите со која било ијанса на розова и рубин.
Крем-кафеава
Доколку сакате некоја боја со која што ќе ја неутрализирате црвената нијанса, а секако тоа да не е црната, вистинскиот избор е крем варијантата.
Оваа боја, иако не е нападна, изгледа навистина богато и интригантно.
Небесно сина
Оваа комбинација едноставно никогаш не излегува од мода.
Сината и дава нова свежина на црвената, а црвената пак ја охрабрува оваа нежна сина нијанса, тие секогаш се во љубов.
Војничко зелена
Можеби ви изгледа како незамислива, меѓутоа оваа комбинација е навистина силна и енергична.
Како контрастни бои црвената и војничко зелената заедно изгледаат навистина бунтовно, а од друга страна пак нивната компактност дава свежина и младешки изглед.
С. У. | Црнобело