Шарен топ, дводелни комплети, кариран фустан: Летни модни трендови за кои треба да се подготвиме
Факт е дека секој си има свој стил на облекување. Па без разлика што многу често можеме да бидеме инспирирани од една иста личност или креација, не нѐ издвојува од „толпата“ она што ќе го облечеме на себе, туку начинот на кој истото тоа го носиме.
Блогерките од модниот свет имаат инстинктивна способност за комбинирање на облеката, па реално од нив можеме и многу да научиме.
Парчињата што тие ги носат честопати ги диктираат најголемите модни трендови на сезоната која што доаѓа, а тоа е така бидејќи нивните лојални следбеници не сакаат ништо помалку од тоа да го копираат изгледот на своите модни „идоли“.
Па, што најавуваат тие за лето 2018, погледнете во продолжение:
Шарен топ + здолниште со висок струк + ниски салонки
Елегантен дводелен комплет + сандали со високи потпетици
Едноделен костим за капење + ленени пантолони со висок струк + ниски сандали
Кариран фустан + патики + плетена чанта
Елегантна маица на преклоп која не ги прикрива рамената + ленени пантолони + плетено ранче + шапка
Ленена романтична блуза + фармерки со висок струк + плетена чанта + ниски сандали
Кошула-фустан + корсет појас + бели чевли
Карирана маица која не ги покрива рамената + ленени панталони со висок струк + стандардни влечки
С. У. | Црнобело