Тренди на ниски температури: Шик комбинации со топли волнени капи (фото)
И оваа зима заштитете се од студот со топлите модни аксесоари, кои освен што греат, совршено ја надополнуваат зимската гардероба.
Волнената капа е одличен зимски сојузник во борбата против ниските температури, а е и исклучително занимлив моден додаток што трендсетерките го обожаваат. Токму затоа стана неизоставен детаљ по кој посегнуваме уште со првите бранови на студенило.
Покрај тоа што е топла и во тренд баш секоја сезона, волнената капа е и мошне едноставна за комбинирање, па одговара со речиси сите лежерни парчиња облека. Има моќ за миг да го збогати целокупниот изглед, претворајќи ве во вистинска кралица на уличната мода.
Сеедно дали станува збор за едноставен црн или бел модел, во некоја повпечатлива боја, со крзнени или волнени пом-пом топчиња, или, пак, без нив – секоја дама треба треба да има барем една зимска капа во својот гардеробер, но и на себе.
Доколку не знаете како да ја носите оваа сезона, доза инспирација за различни комбинации ќе пронајдете од галеријата во продолжение:
М. А. | Црнобело