10 најдобро облечени познати дами во 2017 година
На списокот од престижниот моден магазин Vogue се најдоа неколку долгогодишни фаворитки, но и една посебна дебитантка.
Конечно беше објавена листата што мноштво модни критичари со нетрпение ја очекуваат секоја година. Станува збор за списокот на најдобро облечени познати дами во изминатите дванаесет месеци, по мислење на Vogue.
Челниците на реномираниот магазин наведуваат дека трендот за умереност во облекувањето, претставува најголемата промена што се случи на модната сцена во 2017 година. Според нив, разголувањето на кожата повеќе не е трик со кој ѕвездите се служат за да остават впечаток на црвениот тепих.
А, кои се жените чиј стил ја обележа годинава?
Листата на најдобро облечените дами не е нумерирана, па остава простор за расправа околу тоа која од нив го заслужува првото место.
Меѓу нивните повеќегодишни фаворити е актерката Никол Кидман, која ја пофалија поради легендарната љубов кон светките, а свое место си обезбедија и авангардните љубителки на модата, како што се пејачките Ријана и Соланж.
Сепак, огромно внимание предизвика и една посебна дебитантка. Нејзиното име е Брижит Макрон.
Иконскиот изглед на 64-годишната „прва дама“ на Франција, магазинот Vogue го дефинираше со следните зборови:
„Пркосењето на годините е изразот кој често се повторува кога се збори за единствениот стил на Брижит Макрон. Ние би го замениле со „доследно величествен“. Откако нејзиниот сопруг победи на претседателската трка во Франција, јасно стана дека првата дама не им се поклонува на правилата кога се во прашање модните избори. Таа е жена која толку добро се чувствува во сопствената кожа, што во Елисејската палата ја дочека Ријана во фармерки, а ги носи и проѕирните штикли од Gianvito Rossi на државните настани. Да живее новата Франција!“
Во продолжение, погледнете кои се познатите дами што ја заслужија титулата за најдобро облечени во 2017 година, според изборот на Vogue:
Брижит Макрон
Ријана
Зое Кравиц
Натали Портман
Клер Фој
Соланж
Ема Стоун
Зендаја
Никол Кидман
Рут Нега
М. А. | Црнобело