10 трикови со облеката кои се „прва помош“ во несаканите ситуации
Колку често се наоѓате во ситуација во која итно треба да се подготвите и излезете, а притоа како за инает ви се случуваат разни незгоди со облеката?
Фармерките не стојат мирно во чизмите, здолништето упорно се поткрева на ветрот или на копчето баш сега му текна да падне...
„Прва помош“ за сите овие ситуации се следниве 10 трикови:
1. За здолништето да го направите отпорно на ветар, залепете неколку монети на долниот раб на здолништето, од внатрешната страна.
2. Обичните фармерки може да ги носите и во бременоста (или кога ќе претерате со јадење), само што наместо да ги закопчете, ќе ги покриете со дезениран ластик.
3. Фармерките ќе останат во чизми ако прво ги пикнете во високи чорапи до колена, па потоа ги облечете чизмите.
4. Старите џемпери ќе изгледаат поново и почисто ако грутките ги отстраните со брич.
5. Ако ви треба брза моментална поправка на панталоните во делот кај задникот (додека да стигнете дома) искористете хефталка.
6. Ако копчето паднало, а немате време за шиење, зацврстете го со спојувалка.
7. Пеглата за коса може да послужи за пеглање на јаките од кошулите.
8. Сите копчиња кои имаат потенцијал да паднат, премачкајте ги со проѕирен лак за нокти.
9. За да го спречите ширењето на непријатните мириси (во торбата за вежбање или чевлите кои често ги носите), ставете кесички чај преку ноќ во нив.
10. Превртената кожа и сомотот ќе останат најчисти доколку ги четкате со стара четка за заби.
М. Д. | Црнобело