Икони на стилот: Познати личности со најголемо модно влијание во 2017 година
Со својот изглед, тие ги диктираа трендовите, а секое нивно појавување будеше огромен интерес во јавноста. Кои славни имиња ја обележаа модната сцена изминатите дванаесет месеци?
Тие се подвижна реклама за модните куќи или дизајнери, бидејќи луѓето ширум светот масовно ја пребаруваат нивната гардероба, којa неретко се распродава со брзина на светлината. А, кои се тие?
Одговорот го даде модната онлајн платформа Lyst, објавувајќи ги десетте највлијателни икони на стилот за 2017 година. Списокот е направен врз основа на купувачките навики на 80 милиони корисници во текот на годината.
Очекувано или не, на првото место се најде пејачката Ријана, која годинава доминираше со своите модни и козметички линии.
По неа следува најпопуларната ѕвезда на Инстаграм, па манекенката која во 2017 година имаше многубројни ангажмани и ја гледавме буквално на секој чекор.
Свое место добија и три отмени дами од политичките и кралските кругови, чии животи, но и модни комбинации, јавноста будно ги следи.
Припадниците од посилниот пол, пак, имаат двајца свои претставници на списокот, додека топ листата ја заокружуваат две исклучително сексапилни госпоѓици.
Од првото до десеттото место, погледнете кои се познатите личности, чијшто стил никого не остави рамнодушен во 2017 година:
1. Ријана
2. Селена Гомез
3. Бела Хадид
4. Меган Маркл
5. Кејт Мидлтон
6. Меланија Трамп
7. A$AP Rocky
8. Хари Стајлс
9. Кајли Џенер
10. Емили Ратајковски
М. А. | Црнобело