Омилена на девојките: Најпопуларната зимска комбинација на Pinterest (фото)
И во текот на оваа студена сезона, топлината надвладеа над трендовите. Ако може да се суди според бројот на објавени фотки на социјалната мрежа, најактуелни се две модни парчиња, коишто сигурно везден ги носите.
Станува збор за комбинацијата што веќе ја имате во гардероберот, или, пак, можеби и на себе. Сепак, мнозинството девојки ја пребаруваат на Pinterest, во потрага по нова инспирација за претстојната зима.
Кежуал изледот, кој моментално е „ин“, ги вклучува вечно омилените тесни фармерки и топлите волуменозни џемпери.
Во овој случај, трендовите паѓаат во вода, бидејќи очигледно ништо не може да го надмине популарното зимско дуо, кое истовремено грее и придонесува за тренди изглед.
Плетивата што во моментот високо котираат на Pinterest се во неутрални нијанси, како сива или беж, иако е сезона на интензивни бои, па нема да погрешите ни доколку одберете жолт, розов, или, пак, црвен џемпер. Се разбира, во тандем со јакна или капут на себе.
Има ли нешто подобро за опуштена варијанта? Како идеи за зимските месеци, ви откриваме повеќе стилски предлози на оваа тема:
М. А. | Црнобело