Црвен фустан и бисери: 10 модни правила од принцезата Дијана
Кога сакаше да остави впечаток Дијана носеше црвен фустан со бисери, а во поголемиот дел од пригодите сакаше да има неутрални нијанси на себе.
Принцезата Дијана е миленичка на милиони луѓе ширум светот и вистинска модна икона.
Таа знаеше да ја носи титулата на нејзин сопствен начин, префинето и со стил.
Модни правила од принцезата Дијана:
Голи раменици + нежен накит = совршена елеганција
Најдобар начин да блескате со елеганција е со фустан со голи раменици, кој ќе го зачините со нежен накит.
Без шапки и ракавици – спротивно од кралското правило
Дијана беше првата која одлучи да го прекрши кралското правило на задолжително носење шапки и ракавици. Народот ја обожаваше поради храброста.
Само еден секси детаљ
Дијана го почитуваше правилото за умрена доза на сексапил. Па носеше или гол грб или отворено деколте, никогаш двете заедно.
Светли бои
Дијана постојано го користеше истиот трик за да го осветли секој простор во кој ќе се појави. Таа бираше нежни нијанси кои зрачеа со смиреност.
Бисери + црвен фустан = моќен ефект
Кога сакаше да остави впечаток Дијана правеше фатална комбинација на црвен фустан и бисери.
Едноставно и стилски
Принцезата сакаше едноставни кроеви и аутфити без непотребни детали.
Зачинување со силна боја
Дијана сакаше на своите комбинации да им даде малку боја со помош на некој впечатлив детаљ.
Свилени фустани
Таа носеше свилени фустани секој пат кога сакаше да ја истакне својата женственост.
Впечатливи дезени
Палтата со впечатливи дезени ги комбинираше со едноставни ролки и кошули.
Спортски стил
Ќе се согласите дека Дијана изгледаше магично во елегантните аутфити, но таа изгледаше одлично и во пригодите кога ја гледавме облечена во спортски стил.
С. С. | Црнобело