Водич за жени: 10 работи од крајот на XX век, кои ги обожаваме во обновено издание
Шнолите и лентите за коса, чокерите, тексас фустаните, комбинезоните и „бомбер“ јакните се вратија подобри од кога било.
Многу често слушаме кога постарите тврдат дека модата се враќа и за некои парчиња кои се тренд сега велат дека ги носеле во својата младост.
Еве некои парчиња кои се носеа на крајот на XX век, а сега повторно се на модната сцена во обновено издание:
Сатенски фустан
На крајот од XX и почетокот од XXI век, сатенскиот фустан им беше омилен на сите девојки што следеа модни трендови. Актерката Гвинет Палтроу го обожаваше за појавувањата на црвениот тепих.
Потоа тој беше цел на потсмевање, но сега повторно е актуелен само со поинаков начин на комбинирање во аутфитите.
Јакна „бомбер“
Мајкл Џексон во 80-тите ги обожаваше „бомбер“ јакните и тие беа вистински хит долго време.
Во последниве години нивната популарност повторно порасна, па ги имаме во различни форми, бои и дезени. Различните карактеристики прават тие да можат да бидат дел од кежуал, но и од класични аутфити.
Комбинезон
Комбинезоните во минатото беа поврзувани со децата, а потоа и возрасните започнаа да носат тексас комбинезони.
Сега, тие се хит на модната сцена. Направени од различни материјали и во различни стилови, ќе пронајдете совршен модел за секоја пригода за да ја истакнете фигурата.
Влечки
Влечките секогаш беа поврзувани со плажа, базен или двор и беа сезонски. Никој немаше идеја со нив да појде на некој настан.
Сега, тие се носат секогаш и секаде. Убавите необични дизајни ги прават совршени за комбинирање, дури и со вечерни фустани. Има со крзно, декорирани со камења и какви уште не.
Краток топ
Во 90-тите години на минатиот век жените ги обожаваа топовите. Ги имаше во сите бои, но потоа исчезнаа од модната сцена.
Сега, тие повторно станаа задолжително парче во гардероберите на девојките. Со внимателно комбинирање со нивна помош на одличен начин ќе ја истакнете вашата сексуалност.