Водич за жени: 11 начини како да не изгледате старомодно
Светкавите хулахопки, цирконите и идеално наместените фризури треба да останат во минатото.
Вашата појава кажува многу за вас. Ако се облечете старовремски ќе изгледате како да немате стил, а тоа може да влијае дури и на тоа да не ја добиете посакуваната работа или партнерот од соништата.
Некои навики едноставно мора да ги оставите во минатото:
Претерана сексуалност
Тесните мини здолништа со деколте во комбинација со високи чевли изгледаат вулгарно и старовремски. Денешната мода наложува пософистициран изглед и миди должина.
Високи потпетици – секогаш и секаде
Класичните високи потпетици нека ви бидат избор за специјални пригоди. Изборот на модерната жена во многу пригоди треба да бидат рамните чевли.
Струкирани јакни
Тесните јакни што се залепени за вас не се повеќе во мода. За да изгледате стилски и убаво изберете некоја со поширок крој.
Светкави хулахопки
Светкавите хулахопки заминаа во историјата. Ако сакате да изгледате модерно, тогаш избирајте само мат модели во боја на вашата кожа.
Ист дезен на модните додатоци
Повеќе не е во тренд да изберете чевли и чанта со ист дезен или пак ракавици, шалови и капи. За да добиете впечатлив изглед правете необични комбинации на бои и дезени.
Златен накит со бисери и циркони
Нашите мајки и баби можеби носеа ваков накит, но неговата ера дефинитивно заврши. Модерната жена треба да носи стилски и квалитетен накит, кој лесно може да стане носечка нота во целиот изглед.
Модели со низок струк
Фармерките и панталоните со низок струк одамна заминаа во историјата. Денес носете модели со „нормален“ или висок струк, кои ќе ви ги издолжат нозете и ќе го нагласат вашиот струк.
Работи со циркони
Работите со циркони даваат нула гламур. Но ако сакате да блескате, тогаш одберете парчиња облека или модни додатоци со металик сјај.
Ластичиња и шноли во косата
Разнобојните ластичиња и шноли повеќе не се во тренд. Врзете ја косата во високо опавче со ластиче со иста боја како вашата коса, а потоа покријте го ластичето со еден прамен.
Идеално наместени фризури
Во модата се ценат природата и едноставноста, па наместо за совршено аранжирана коса, одлучете се за нежни лелеави бранови.
Долги нокти
Екстремно долги нокти, особено со нападни дезени, веќе не се во мода. Одлучете се за куси нокти во една боја.
С. С. | Црнобело