Најдобри парфеми за 2010
Престижната Fifi награда е наречена Fragrance Foundation Oskar меѓу парфемите. Секоја година се доделува на најдобрите светски парфеми.
Мирисате ли вие на некој од победниците? Ако не – време да си набавите барем еден.
1. Во категоријата „Women's luxe“ оваа година наградата ја освои парфемот „Lola“ од Marc Jacobs.
Во машка категорија наградата ја доби „Grey Vetiver“ од Tom Ford.
2. Во категорија „Women's Nouveau Niche“ победник е „New York“ од козметичката куќа Bond No.9 Astor Place.
Во истата категорија за мажи победник е “Brooklyn“.
3. Во категоријата „Unique Boutique“ победи „White Suede“ од Tom Ford.
4. Кога се во прашање популарните парфеми зад кои стојат имињата на ѕвездите, наградата ја зеде мирисот на Хали Бери - „Halle“.