Кара Делeвињ, кралица на ризичните модни комбинации на Мет гала: Од елегантни фустани до голи гради
Уште откако во 2011 година првпат се појави на Мет гала, британската манекенка Кара Делeвињ, привлече внимание со својот изглед. Во исчекување на нејзиниот нов моден избор за 2024, погледнете ги нејзините досегашни изданија на црвениот тепих.
Мет гала години наназад важи за најекстравагантното модно шоу, а на црвениот тепих секогаш дефилираат најпознатите и најпопуларно актери, модели, музички ѕвезди, и сето тоа под будното око на Ана Винтур, уредничката на Vogue.
Годинава, Мет гала ќе се одржи на 6 мај, а љубителите на модата се во исчекување за тоа што ќе понуди.
Меѓу оние чие појавување го чекаат сите е и Кара Делевињ, британската манекенка која никогаш не потфрла со својот моден избор.
2011
Низ годините таа воодушевуваше со својот избор на облека, а носеше сè - и елегантни фустани и машки костуми, но се појави и со голи гради (со лепенка ги покри пупките) додека телото ѝ беше обоено во златна боја.
Токму поради нејзините смели модни одлуки, таа го доби епитетот „Кралица на ризичните модни комбинации“ .
За своите први појавувања на Мет гала, Делевињ избираше гламурозни и елегантни креации од Burberry.
Но, потоа го смени стилот, па носеше дизајни од креаторката Стела Мекартни, модните куќи Chanel и Dior, a во 2023, според темата на забавата, посветена на легендарниот Карл Лагерфелд, таа се појави во негова креација - краток бел фустан со долга наметка и црни кожени „ногавици“, кои му дадоа секси изглед на целиот дизајн.
Погледнете ги нејзините храбри модни изданија на Мет гала низ годините:
2012, Burberry
2013, Burberry
2014, Stella McCartney
2015, Stella McCartney
2017, Chanel
2018, Dior
2019, Dior
2021, Dior
2022, Dior
2023, Karl Lagerfeld
А. Ј. | Црнобело