Миди здолниште, тесен џемпер: Облека со која секогаш ќе изгледате убаво на фотографиите
6. Впечатливи обетки
Обетките кои се истакнуваат се мошне фотогенични, затоа што го заокружуваат и дефинираат ликот, но и ја привлекуваат светлината.
Тоа е од голема полза за лицето, бидејќи помага при осветлувањето на севкупниот излед и тенот, а таквите фотографии се секогаш најубави.
7. Облека што ги открива рамениците
Без разлика дали ќе се одлучите за фустан, топ или сосема обична маичка, ваквите парчиња се особено ласкави и фотогенични.
Акцентот го ставаат на рамениците и клучната коска, додека го покриваат горниот дел од раката, поточно оној дел кој е најширок.
8. Фармерки со висок струк
Панталоните со висок струк, во пар со маица што е вовлечена во нив - сочинуваат едноставна, но мошне фотогенична комбинација, која секогаш добро изгледа.
И не само со маички. Ролката, џемперот, кошулата, или, пак, блузата, исто така може да ги вовлечете во панталони или фармерки со висок струк.
Не мора во целост, туку доволно е само еден дел во предната страна на панталоните, како би ја потенцирале половината.
Резултатот ќе биде секогаш ист – убаво нагласен струк.
9. Структуриран блејзер
Ако се нагласени на вистинскиот начин, рамениците можат да ја направат повитка целата фигура.
Во овој случај, од голема помош е добро стуктурираниот блејзер што одлично ви прилега, бидејќи тактички ќе ги сокрие сите „маани“.
10. Раскопчан капут
Како и блејзерот, капутот е уште едно одлично парче кое ќе ја обликува вашата фигура.
При фотографирањето, нека капутот остане раскопчан, а остатокот од комбинацијата ви биде минималистички и ги нагласува линиите на телото.
М. А. | Црнобело