Јакна со бескрајно долги ракави - би ја носеле ли? (фото)
Дизајнерската тексас јакна веќе е „хит“ на социјалните мрежи, а на првичниот шок поради нејзиниот комичен и нималку практичен крој, се надврзува и изненадувањето и од високата цена по која се продава.
Имаме одлични вести за сите луѓе со екстремно долги раце (?!). Во луксузната онлајн продавница Net-a-Porter, штотуку пристигна јакна чиишто ракави речиси го досегнуваат подот.
Станува збор за дизајнерски изум на францускиот бренд „Y/Project“, еден од омилените на манекенката Џиџи Хадид.
Познат е и по останатите необични креации, како што се дводелните „фармерки“, кои повеќе откриваат, одошто покриваат.
И, ако во текот на годината се нагледавме еден куп чудни и неносливи фармерки, оваа јакна успеа да ги засени сите претходници.
Кога велиме дека нејзините ракави речиси и да го допираат подот, не претеруваме.
Иако во описот на јакната стои дека истите би требало да се навлечат, останува нејасно зошто ги направиле баш толку долги.
А, кон шокот дополнително придонесува и „изгор“ високата цена на ова, во најмала рака, екстравагантно, а исклучително непрактично парче облека.
Меѓутоа, доколку сакате да ја поседувате во својата колекција, од полза ќе би биде информацијата дека јакната чини дури 527 евра.
Предимензионираните парчиња се „ин“ последните неколку години, но сепак, ова е претеран обид да се следат трендовите.
Со тоа се согласни и бројните корисници на Твитер, кои веќе ја исмеаа тексас јакната со бесконечни ракави, прашувајќи се дали можеби се работи за некаква фабричка грешка, која „случајно“ прераснала во мода?
Што велите вие? Би ја облекле ли на себе?
М. А. | Црнобело