11 стилски грешки кои прават да изгледате постаро
Низ годините стекнуваме навики, како во секојдневието, така и во начинот на кој се облекуваме и дотеруваме.
Но, времето не стои, трендовите не мируваат, па затоа важно е постојано да ги следите во чекор.
За да не изгледате „старомодно“ и да не си додавате неколку години плус непотребно, престанете да ги правите следниве грешки:
1. Не внимавате на пропорциите
Никогаш не носете повеќе од едно широко парче кое ја крие линијата на телото, освен ако не сакате да изгледате како вреќа.
2. Одбирате аксесоари во иста боја со облеката
Чевлите, чантата и коланот не мора да се во иста боја, колку и да сте убедени во спротивното. Ќе изгледате многу луксузно ако одберете додатоци во пастелни нијанси.
3. Заборавате на моќта на коланот
Дури и најшироките парчиња облека може да бидат секси ако ги стегнете околу струкот и ја истакнете тенката половина.
4. Ги носите истите парчиња облека со години
Дури и да се работи за универзални парчиња како фармерки и џемпери, сепак треба да ги избегнувате моделите кои ги купивте пред 10 години.
5. Купувате младешка облека
Не ги носете истите работи како кога бевте 16 или 20 години. Иако мислите дека тинејџерскиот изглед ви одзема неколку години од реалната возраст, се случува спротивното.
6. Со години не ги менувате рамките за очила
Како и сè останато, така и рамките за очила си имаат моден рок на траење.
7. Косата ја носите само испеглана
Долгата пеглана коса изгледа привлечно, но ако е еднолична и без форма или волумен, само ви додава години. Благите локни и степенесто шишаните прамени се помладешки избор.
8. Ноктите ги лакирате во розови нијанси
Светло виолетовите, розови и нијанси на праска се несоодветен избор кој само ви ги прави рацете постари. Наместо нив, одберете лак или гел неколку нијанси посветол од кожата.
9. Користите бронзер по целото лице
Бронзерот треба да ги нагласи носот, челото и јаболкниците – и ништо повеќе.
10. Не додавате боја на лицето
Исцртајте ги веѓите, нагласете ги трепките со слој маскара, ставете кармин неколку нијанси потемен од кожата...
11. Преферирате темни кармини
Не е спорно дека темните усни се примамливи, меѓутоа несвесно ви додаваат неколку години. Наместо нив, одберете природни нијанси близу до вистинската боја на усните.
М. Д. | Црнобело