Ѕиркаме во новите каталози: Што нудат H&M и Zara за есен 2017?
На полиците од омилените бутици за „висока улична мода“, пристигнаа првите есенски колекции. Низ игра со различни текстури, од меки плетива и тексас, преку памук и твид, па сѐ до кожа и кадифе, дури и наједноставните есенски парчиња се претворени во модерна класика за новата сезона.
На самиот врв од листата на омилени „high street“ модни куќи, со сигурност се наоѓаат Zara и H&M. А, за претстојната есен, популарните брендови ги вклопија истите трендови, но во две потполно различни визии.
За нив, освежување пронајдоа во новата палета на бои, во која владеат загасити нијанси, неутрални тонови и интензивно црвената боја, цветните дезени кои ќе ги обожаваме и после крајот на летната сезона, како и раскошните материјали со занимливи текстури.
H&M понуди мошне вибрантна и разиграна колекција, исполнета со омилените „basic“ класици и тренди парчиња.
Неодоливите впечатливи кошули, романтични фустани и женствени класични парчиња, се издвојуваат како ѕвезди на првичната есенска колекција со потпис на шведскиот бренд.
Есента во Zara, пак, обоена е во неутрална палета, чија монотонија ја разбиваат цветните принтови и извезени флорални мотиви, раскошни бои на скапоцени камења и тренди детали.
Во колекцијата на шпанската модна куќа, се истакнуваат и бројни сестрани парчиња, кои со леснотија ќе се трансформираат од дневни во вечерни комбинации, со неколку мали трикови.
Доколку веќе почнавте да размислувате за својата гардероба за претстојната сезона, во продолжение ви претставувме дури 50 парчиња од каталозите на H&M и Zara, кои ќе ви послужат како идеја за совршен почеток на обновата на плакарот, односно инспирација за нов, есенски изглед:
М. А. | Црнобело