Како да измерите дали фармерките ви се точни без да ги пробувате?
Шопингот е супер, сè додека не влезете во гардероба со 10 различни парчиња и едно по едно мора да ги пробате.
Фармерките се најтешки за „од око“ да процените дали ќе ви стојат добро. Често броевите не се совпаѓаат, па нивното пробување знае да биде мака.
За да си го олесните купувањето, пробајте да ги измерите фармерките со следниве трикови:
Замотајте го струкот на фармерките околу вашиот врат. Ако едвај се спојуваат краевите, тогаш сте на добар пат.
Ставете ја раката од лактот па до дланката во струкот на фармерките. Не треба ниту да паѓаат, ниту да ви ја притискаат раката.
Должината најлесно ќе ја утврдите доколку фармерките ги раширите како на сликата. Средишниот дел треба да ви дојде во линија со брадата, а ногавиците без проблем да ги држите со раширени раце.
М. Д. | Црнобело