Водич од славните: Како да носите нежно розово?
Розовите парчиња облека ги преплавија социјалните мрежи, но не станува збор за силната розова која сме навикнати да ја гледаме, туку за нежни розови нијанси.
Постои цела палета на овие нијанси, кои варираат од најсветли тонови, па до повпечатливи. Не е јасно како оваа боја стана една од најпопуларните, но ја гледаме секаде.
Од шминка и коса - до облека и модни додатоци, периодов сè е обоено во розово.
Познатите дефинитивно го поставија ова како еден од најголемите трендови. Постојано ги гледаме во фустани, костуми, маици и чевли во оваа боја.
Лили Колинс, Селин Дион и Викторија Бекам се само дел од ѕвездите што годинава се зависни од розово.
С. С. | Црнобело