Блеснете ова лето!
Летото е тешко да го издржиме од козметички аспект. Меѓутоа свежиот изглед иако е тешко да се одржи, не е и невозможно. Ова се некоисовети кои треба да...
...ги следи секоја девојка која сака да изгледа уредно и свежо.
1. Правете често пилинг за да го спречите затворањето на порите.
2. Секогаш користете УВ заштита. Не заборавајте квалитетен балсам за усни.
3. Пудра и лето не одат под рака, но ако сепак ви е потребна, одлучете се за онаа која гарантира трајност, по можност во течна состојба.
Тие се поотпорни на пот и маснотии кои ги лачи кожата.
4. Ако ви е потребен коректор за да ги покриете критичните подрачја, користете половина тон посветол од вашата кожа, а преку него на место пудра нанесете квалитетен илуминатор.
5. Користете водоотпорна маскара и тушеви за очи.
6. Носете шешир на сонце за да ја заштитите косата.
7. Редовно мијте го лицето и отстранувајте ја шминката.