Брaлет: 9 секси модни комбинации за жешкото лето
Со кратките топ маички, корсети и градници ќе мамите воздишки каде и да се појавите, подеднакво кај машката и женската популација. Но, како да ги носите и комбинирате, за да изгледате модерно, со вкус и стил?
Бралет е тип на долна облека, претежно градници и корсети, кои се удобни и секси, а не смее да ги прекриете со маичка, кошула или фустан. Го носат само храбрите девојки, кои не се плашат да се разголат, но со доза на елеганција.
Имате ли доволно храброст и вие да внесете едно вакво парче во вашата летна гардероба? Ако одговорот е да, тогаш подгответе се да мамите воздишки и внимание каде и да се појавите, како кај мажите, така и кај жените.
Бралет спаѓа во најсекси парчињата оваа топла сезона. Кратките топ маички, корсети и градници веќе одамна ги преплавија полиците во продавниците на познатите брендови за висока улична мода, па изборот е особено голем и разновиден.
Во случај да не знаете како да гo комбинирате, ви откриваме неколку совршени идеи и предлози за таа намена. Доколку желба ви е да изгледате модерно, со вкус и стил, а да носите бралет, дефинитивно ќе посакате да ископирате некој од изгледите во текот на жешкото лето:
1. Бралет + Тексас мини здолниште
2. Бралет + Тексас шорц
3. Бралет + Блејзер
4. Бралет + Проѕирна маица
5. Бралет + Макси здолниште
6. Бралет + Тексас комбинезон
7. Бралет + Фустанче
8. Бралет + Фармерки
9. Бралет + Панталони со висок струк
М. А. | Црнобело