Најразголените изданија на Кендал Џенер досега
Кендал Џенер никогаш не се срами да прошета без градник на црвениот тепих и да ги покаже брадавиците или слободно да ниша со задникот, додека сите погледи се лепат на неа.
Таа често е многу разголена, а понекогаш дури и речиси гола на најпознатите светски манифестации, но и во секојдневниот живот.
Пред неколку дена Кендал беше фотографирана на аеродромот, во навидум невино и удобно издание, но ако подобро погледнете, под првиот блесок од блицот на фотоапаратите, нејзините брадавици повторно се изложени.
Во февруари годинава таа гостуваше во шоуто на Џејмс Корден, каде се појави во градник и проѕирна маичка, а во претходно пак, се појави речиси гола на една ноќна забава. Жолтата кошула ѝ беше транспарентна, а здолништето беше на врзување - збунувачки, зарем не?!
Инаку на Мет Гала, на почетокот од годинава, Кендал ја видовме најгола досега. Таа облече комплетно проѕирен фустан од La Perla.
Ова се нејзините најразголени изданија:
С. С. | Црнобело