Стилски заблуди кои нè спречуваат да изгледаме најдобро што можеме
Понекогаш во модата најстрогите правила се направени за да се прекршат, доколку сакате да се одвоите од толпата на позитивен начин.
Па, токму затоа, треба да престанете да верувате во овие 10 стилски и модни заповеди, кои очигледно се заблуди кои се провлекувале низ годините.
Хоризонталните пруги ве прават подебели
Повторно неточно. Единствено волуменот на облеката и материјалот може да ве направат подебели или послаби.
Светлата облека исто така ве прави подебели
Грешка. Поважен е материјалот и моделот, отколку бојата.
Широката облека им прилега на сите
Сепак широката облека подобро им стои на високите и слаби девојки и жени. Плус, не смее на себе да имате повеќе од 1 предимензионирано парче облека.
Широкиот колан прави илузија на послаб струк
Напротив, широкиот колан привлекува негативно внимание на проблематичниот дел од телото.
Комбинирањето на 3 или повеќе бои е одлика на лош вкус
Правилото за тоа дека на себе треба да имате помалку од 3 бои пропаѓа во вода. Само треба внимателно да ги одберете боите и да ги искомбинирате мудро.
Црната облека визуелно ќе ве ослаби
Всушност, црната боја треба добро да ја искомбинирате со силуетата доколку сакате да изгледате послаби. Важно е струкот да е нагласен, а не фустанот да биде црн.
Не смее да комбинирате повеќе шари
Смее и е препорачливо, но шарите треба да се геометриски, а не животински.
Розово носат само мали девојчиња
Всушност, сè зависи од начинот на кој ја носите розовата боја. Пример, светкавите розови материјали и розовиот тул се големо НЕ. Но, зошто не би носеле симпатичен, лелеав летен фустан во пастелно розова боја?
Карнерите ја нарушуваат силуетата
Доколку се поставени на стратешки места кои сакате да добијат волумен, карнерите може да направат чудо од вашата силуета.
М. Д. | Црнобело