Жежок летен тренд за згодни девојки: Underbutt
Модните трендови се како печурки кои излегуваат после дожд – додека решивте да се наместите и да позирате во „Бамби поза“, веќе пристигнал нов тренд.
Underbutt (или Underbun) најдобро ја опишува новата модна опсесија – минијатурни куси панталончиња кои повеќе откриваат одошто сокриваат.
А го откриваат најжешкиот дел од задникот на секоја девојка.
Трендот веќе има околу 55.000 следбеници на Инстаграм, а девојките се во потрага по што помалечки и покуси модели со кои ќе ги истакнат своите секси полумесечинки.
Селена Гомез, Лејди Гага и Ариел Винтер се само дел од славните ѕвезди кои со задоволство ги прифатија минијатурните жешки панталончиња.
Американскиот речник за урбан сленг го дефинираше терминот Underbutt како: заводливиот задник на девојката кој ѕирка во долниот дел од облеката која ја носи.
Машкиот пол обично негодува и врти со очите кога станува збор за женските модни трендови, но овој претпоставуваме дека го одобруваат со огромен аплауз:
(О)Милена | Црнобело