Како да се облекувате за да изгледате послаби?
Правилното облекување може да направи, визуелно, да изгледате послаби.
Кога ви треба да сокриете некој килограм плус, и немате време за диети и теретана, тогаш можете да си помогнете со облеката.
Неколку трикови за совршен изглед:
Држете се до вертикалната линија
Наместо слоеви и пресеци околу струкот, ограничете се на едно парче облека со вертикална линија.
Одберете го вистинскиот градник
Треба да креирате простор меѓу градите и стомакот за да изгледате визуелно послаби.
Додадете светол акцент на монохроматска боја
Не се ограничувајте на една боја, туку на неа додадете некој мал детаљ.
Одбираjте фустани со А-крој
Фустаните кои ја потенцираат вашата силуета прават да изгледате послаби.
Одбирајте добро место за копчињата
Гледајте копчињата да бидат во долниот дел на стомакот.
Избегнувајте лесен материјал
Лесниот материјал кој се накривува и се прави во слоеви прави да изгледате визуелно подебели.
Не ја носете маицата под панталоните
Плус, должината на маицата треба да биде веднаш каде ви завршува стомакот.
Одбирајте вистинска чанта
Големата чанта прави вие да бидете визуелно помали, па затоа е секогаш подобар избор.
Н. Г. | Црнобело