Како да носите бандана марама ова лето?
Повеќето добри трендови се враќаат на модната сцена, е еден од нив е и бандана марамата, која е популарна и оваа сончева сезона.
Со триаголна или четвртеста форма, бандана марамите се детаљ кој никогаш не излегува од мода. Погодни се за секое годишно доба, а идеално модно решение за топлите летни дни.
Низ годините, бандана марамата прерасна во повеќенаменски аксесоар, па постојат мноштво модерени и практични начини на кои може да ја носите, независно од сезоната или стилот на облекување што го негувате.
Да додадете боја на монохроматската гардероба, за украсување на чантата, во комбинација со накит, како лента за коса или алка, наместо ланче или каиш – изборот зависи од вашите желби и вкус.
Што и да одлучите, едно е сигурно - со препознатливите тонови и класични бели шари, таа веднаш ќе го зачини вашиот изглед.
За таа намена, ви претставуваме повеќе лежерни, урбани и шик предлози со бандана марама за претстојното лето.
Од градските улици до песочните плажи, меѓу нашите примери ќе пронајдете идеи за секоја пригода. Инспирирајте се и бидете „ин“:
М. А. | Црнобело