Parfois тренд колекција пролет/лето ’17 - Under the sea

Колекцијата „Under the sea” пристигна, носејќи го со себе првиот мирис на летото.

parfois-trend-kolekcija-prolet-leto-17-under-the-sea-001.jpg

Колекција инспирирана од морето и животот во него, каде главните парчиња се брошеви кои може да се искористат на многу различни начини. Parfois повторно се стреми да инспирира презентирајќи моден предизвик за комбинирање на овие шармантни модни додатоци во уникатен изглед.

Риби во различни големини, ракчиња, морски камења  во корални и зеленкасти тонови ја поставуваат основата за оваа забавна, разнобојна и разиграна колекција. Брошевите одлично одговараат на клучните летни парчиња како еспадрили, маички, сламени капи и чанти, но и со посвечените комбинации каде деталите уште повеќе доаѓаат до израз.

“Under the sea” не запира овде. Во колекцијата се вклучени и додатоци за коса во повеќе форми со украсни камчиња во различни нијанси на сина боја со златни.

Ова е колекција која е полна со боја, каде црвените тонови се доминантни, а се збогатени со монистри и бисерни камчиња, додека пак самите парчиња овозможуваат креирање на повеќе различни и единствени комбинации.

Би можело да ве интересира:

6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg