Пролетен стил: Комбинации во неутрални бои
Иако пролетната сезона изобилува со јаки и живи тонови, понекогаш вреди да направите исклучок од правилата, фокусирајќи се на неутралните бои.
Оваа пролет, во тренд се интензивните бои, како што се жолтата, нијансата на циклама и розовата. Дизајнерите, пак, по некое правило, секоја година претставуваат креации со смели цветни принтови, гардероба со кариран дезен или пругасти парчиња облека за сончевите денови.
Меѓутоа, мноштво дами не сакаат да бидат во центарот на вниманието, па попрво ја избираат облеката во посмирени тонови. Доколку и вие припаѓате во оваа група, или едноставно сакате да се одморите за миг од јаките бои и шарените дезени, најдобар избор се токму неутралните нијанси.
Беж, бела, сива и сите нијанси на крем се безвременска палета на бои кои никогаш не излегуваат од мода, па слободно можете да инвестирате во таква облека и претстојната сезона. Овие парчиња облека може да се комбинираат со повеќето други бои кои важат за хит на пролетта.
Овојпат, се фокусираме само на мирните и неутрални тонови, покажувајќи ви како и со ваква облека може да изгледате свежо и полетно.
Да ги одмориме малку очите - еве неколку комбинации кои ќе ве инспирираат:
М. А. | Црнобело