10 правила како да носите бела боја и во неа да изгледате скапо и луксузно
Без разлика на тоа колку и да сакаме цврсто да се држиме до универзалните сива и црна, понекогаш посакуваме и да си поиграме со боите и да одбереме посветли нијанси, како на пример, белите.
Оваа боја иако е основна и хроматска, ретко кога имаме храброст да ја носиме на себе.
Но, секоја дама може да носи бело и да изгледа луксузно и скапо, ако се држи до следниве едноставни трикови:
1. Одберете ја вистинската долна облека
Ова е еден од најважните аспекти на носењето бела облека - под неа секогаш носете светла долна облека, а ако решите истата да се познава, гледајте да не открива премногу.
2. Комбинирајте различни текстури и материјали
За да ја комплетирате вашата слика добро е да комбинирате материјали со различна текстура. Пример, деликатната тантела можете да ја комбинирате со тежок сомот. Или пример, обичниот памук, да го комбинирате со свила или шифон.
3. Одберете подебели материјали
Подебелите материјали во бела боја добро ги прикриваат недостатоците, па нема потреба да се грижите дали белите фармерки или здолништето ќе изгледаат непристојно.
4. Не носете бело само на лето
Многу луѓе, белата боја ги асоцира на лето, но оваа боја е одлична за носење во секое годишно време, дури и на зима и есен. Секако, тоа не значи додека надвор уште е свежо да почнете да носите лесна облека, ама можете да додадете некој интересен бел детаљ.
5. Комбинирајте бело со металик
Белата боја само по себе знае да изгледа многу обично, ама доволно е само со едно парче во металик нијанси и да изгледа елегантно и луксузно.
6. Додадете впечатливи акценти
Белата добро е да ја комбинирате и со разни силни нијанси, пример, чанта во потемна сива, чевли во црвени или неонски нијанси... Доволен е само еден детаљ во различна силна боја и да изгледате елегантно.
7. Заменете го вечерниот коктел фустан со бело одело
Холивудските дами одамна решија свечените вечерни фустани со бели нијанси да ги заменат со одела и изгледаат далеку полуксузно.
8. Заменете ги местата на белото и црното
Обично, ако веќе се одлучиме за бела боја, најчесто решаваме долниот дел до телото да го покриеме со црна боја, а горниот да го истакнеме со бела боја. Но, време е овие нијанси да си ги заменат местата.
9. Набавете си бело палто
Белото палто одлично се вклопува со комбинирање на обична маичка и фармерки, а може да делува и елегантно ако е во комбинација со панталони со фалти или како дел од одело.
10. Играјте си со контрастите
Комбинацијата на бела боја со помажествени текстури, темни детали, потемна шминка или нешто слично, изгледа необично и интересно.
Н. Г. | Црнобело